| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат фашистичките ставови на СДСМ: Секоја драма завршува со цевка во рака

spasov-na-fbУште еден од поддржувачите на СДСМ се истакна со својата недемократска политика и фашистички став. Ѓорѓи Спасов, поранешниот генерален секретар на СДСМ, екс министер и амбасадор само се приклучи на познатото сценарио на опозицијата.
– Груевски си го бара!!! Време! Се додека е оставен мирно и невознемируван да владее, вака тој ќе се однесува предизвикувачки, како силеџија. Кај нас, за жал, изгледа секоја драма мора да заврши со цевка во рака, пишува Спасов. – ова се зборовите со кои се „истакна искусниот политичар на својата фејсбук страница.

Ваквата реакција на Спасов доаѓа по изјавата на Груевски дека опозицијата не смее да се крие зад студентите. Но, СДСМ продолжува со веќе виденото сценарио – кога немаат идеја и програма, на сила, а овојпат и со оружје рака, задскриени позади децата и студентите, да прават обид да ја освојат васта и да дојдат на власт со фашистички методи.

Опозициските поддржувачи секој ден излегуваат со се полуди ставови, не гледајќи светла точка на крајот од тунелот поради безидејноста на СДСМ и немањето на никаква стратегија за да се врати на власт. Во недостиг на промоција на сопствени позитивни мерки и проекти, СДСМ и неговите поддржувачи се служат со вакви налудничави фашистички идеи, кои најверојатно се поттикнати директно од нивните наредбодавци.

Пред една недела новинарот Бранко Тричковски пишуваше за убиство на премиерот и министерот за финансии. Говор на омраза и повик за линч може да се види во колумната на Тричковски насловена „Убиство на премиерот во сон“, за која ударната медиумска тупаница на СДСМ, Бранко Героски напиша дека е одлична и содржела одлична порака.

– Ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот „ајфон“ од масата со решенијата за Македонија, „ало вели тој, „ало“ велам јас, „сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе“, му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во „Параболика“ на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!!! – напиша Трчковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top