Германската канцеларка Ангела Меркел во едно интервју за германски весник ја обвини Москва дека се обидува да ги направи земјите од Западен Балкан политички и економски зависни од Русија, со цел во тој регион да го зголеми нејзиното влијание.
Меркел во интервјуто исто така ја обвини Русија дека се меша во внатрешните работи на некои земји кои сакаат да имаат поблиски односи со ЕУ.
-Молдавија, Грузија и Украина се наши три источни соседи кои донесоа суверени одлуки да потпишат договори за пристапување кон ЕУ, изјави германската канцеларка и додаде дека Русија прави проблеми со тие три земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


