Барселона не дозоволува нивниот најголем ривал Реал Мадрид да се одлепи на табелата. По вчерашната лесна победа на „кралевите“ над Селта со 3-0, денеска каталонците во градското дерби го торпедираа Еспаљол со 5-1.
Најзаслужен за високата победа повторно е аргентискиот ас Лионел Меси кој на хет-трикот на Роналдо вчера, одговори истотака со три гола.
За одбележување е водството на Еспањол уште во 13 минута со голот на Серхио Гарсија. Помалиот клуб од Барселона оддолеваше на силните напади на домаќините на Камп Ноу се до последната минута од првиот дел кога Меси со првиот вечерашен гол измрани на 1-1 по додавањето на Чави, успешно пласираше од 20 метри од голот на Еспањол.
Во второто полувреме се случи вистинска катастрофа. Барселона успеа да даде дури четири гола и воопшто да не го доведе победникот во прашање. Меси беше стрелец на уште два во во 50 и 81 минута, а останатите два беа дела на Пике и Педро во 53 и 77 минута.
Barcelona 0-1 Espanyol – Goal Garcia – 07-12-2014 by maritzamorrisonorn
Goal Lionel Messi – Barcelona 1-1 Espanyol – 07… by maritzamorrisonorn
Goal Lionel Messi – Barcelona 2-1 Espanyol – 07… by maritzamorrisonorn
Goal Pique – Barcelona 3-1 Espanyol – 07-12-2014 by maritzamorrisonorn
Goal Pedro – Barcelona 4-1 Espanyol – 07-12-2014 by maritzamorrisonorn
Goal Lionel Messi – Barcelona 5-1 Espanyol – 07… by maritzamorrisonorn
Со оваа победа Барселона повторно се врати на два бода негатива од Реал Мадрид на второто место на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



