Наполи не успеа да го искористи киксот на Јувентус и Рома во италијанската Серија А лига, и да им се доближи на врвот на табелата. Тие денеска едвај извлекоа бод на домашен терен против Емполи одигрувајќи само 2-2.
Емполи беше рамноправен противник кој знаеше што сака на овој натпревар. Малку фалеше да дојде до целиот плен, но играчите на Наполи Запата и Де Гузман го спасија од сигурен пораз својот тим.
Емполи поведе во 19 минута со голот на Верди, а на 2-0 зголеми Ругани по само неколку минути игра во второто полувреме.
Кога се чинеше дека ова ќе биде голем срам за „наполитанците“ Запата и Де Гузман за само пет минути во периодот од 67 до 72 минута успеаја да дадат два гола и да ја направат завршницата многу интересна.
Сепак Емполи успеа да оддолее на нападите и со голем бод да се врати дома.
Избранциите на Рафа Бенитез повторно се извлекоа и со тоа покажаа дека не се тим кој може да се надева на врвот на табелата оваа сезона.
Екипата на Пипо Инзаги, Милан не успеа на гостувањето против Џенова да освои ниту бод. Домаќините беа поконкретни и помотивирани во играта и уште пред да излезат на теренот најавија дека денеска ќе се борат за трите бода. Едиствениот гол кој значеше три бода беше постигнат во 32 минута, а стрелец беше Антонели.
До крајот на натпреварот Милан се обидуваше да дојде до израмнување, но во тоа не успеа.
Со овие три бода Џенова се искачи на третото место на табелата со 26 бода, шест помалку од Рома и девет од лидерот Јувентус.
Денешни резултати:
Наполи – Емполи 2-2, Џенова – Милан 1-0, Аталанта – Чезена 3-2, Парма – Лацио 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



