Под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“, во Универзална сала во Скопје попладнево се одржа 15. Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
На конференцијата свое обраќање имаа претседателот на партијата Никола Груевски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
– Денешното време е динамично, полно со искушенија и со препреки. Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно. Современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на кариерата, но и посветена и успешна и во кругот на своето семејство, истакна Груевски.
Говорејќи што презема Владата, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, за намалување и справување со предизвиците, Груевски потсети на зголемувањето на растот во економијата, инвестициите во инфраструктурата…
Според претседателката Рангелова, во изминатите години во Република Македонија се направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената. Осврнувајќи се на улогата на жената во општествениот живот, Рангелова ја потенцира и улогата на жената како мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



