| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалничката на Париз бара лимит на возила во центарот на градот

 pariz

Градоначалничката на Париз Ан Идалго изјави денеска дека сака историскиот центар на градот да биде делумно пешачка зона.

– Во четири централни квартови, освен велосипеди, автобуси и такси-возила, единствени возила кои ќе може да влезат би биле автомобили на жители и возила за доставување како и возила на итна помош, рече Идалго за Журнал ду диманш.

Идалго вели дека предложената шема ќе почне во викендите, но подоцна ќе се прошири и во останатите денови од неделата.

– Сакам вон Париз да бидат дизел возилата до 2020 година, додаде Идалго.

До 2020 година таа вели дека ќе има  двојно повеќе велосипедските патеки. Париз се соочува со пораст на загаденоста што ги примора властите да воведат привремени ограничувања на брзината на возилата и да воведат забрана за нив во денови од неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top