| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: ЕУ не побарала официјално од Србија да го признае Косово

EU Serbia 1st Ministerial Accession council

Првиот потпретседател на Владата на Србија и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави денеска дека Европската унија не побарала официјално од Белград да го признае Косово.

– Србија не го променила својот став околу непризнавање на Косово, ниту ЕУ официјално побарала, изјави Дачиќ на прес конференција.

Тој додаде дека во официјалните документи од ЕУ не е запишано дека Србија има обврска да го признае Косово и вели дека за тоа не станало збор, јави Танјуг.

– Во официјалните разговори нема такво барање, изјави шефот на српската дипломатија. Според него, во документите пишува само дека Србија треба да постигне напредок во дијалогот, и додаде дека тој дијалог е статусно неутрален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top