| четврток, 6 декември 2018 |

Полска доби геј градоначалник

gej gradonacalnik
Роберт Бидрон, пратеникот кој никогаш не ја криел својата хомосексуалност, од вчера е градоначалник на северниот полски град Слупск.Триесетиосум годишниот Бидрон изјави дека Полска се менува и живее во моментов голема трансформација.

По церемонијата заклетвата за новата функција во традиционално католичката Полска тој нагласи дека неговиот избор веројатно предизвикува негативни реакции во Полска која според него е „монокултурна и монорелигиска” но смета дека промената е неизбежна.

За време на церемонијата новиот шеф на градот доби телеграми со честитки од полскиот претседател Бронислав Коморовски и од претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ан Брасер. Овие телеграми беа на глас прочитани пред насобраната публика.

Во својата програма наречена „Најпосле промени” тој предлага бесплатен интернет во целиот град и промоцијата на штедење на енергијата со креирање на Институт за зелена чиста енергија. Тој е политилог и издавач кој се бори против хомофобијата а пратеник е од 2011 година. Анкетите го ставаат на чело на пратениците кои најмногу работат. Неговиот избор претставува еволуција на менталитетот во католичката Полска. На локалните избори новинарката лезбејка Ангниешка Лучак не беше избрана за градоначалничка но беше сериозна закана за победникот. Таа доби 8.742 гласа за победникот 9.740.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top