| четврток, 6 декември 2018 |

Шеесет уапсени на протестите против безработицата во Франција

388300_France-DemoШеесет лица привела француската полиција во саботата на протестите против невработеноста, пренесува AFP повикувајќи се на полициски извори.

Според агенцијата, инцидентот се случил кога дел од демонстрантите се обиделе да влезат во просториите каде што се одржувала средба на членовите на владејачката Социјалистичка партија.

Извори од партијата на францускиот претседател Франсоа Оланд за AFP го потврдиле инцидентот. Според социјалистите, демонстрантите „се обидоа да влезат во салата, но со акција на полицијата беа спречени во намерата“.

Според агенцијата, околу 850 лица учествувале во маршот по улиците на главниот град на Франција во знак на протест против зголемувањето на невработеноста. Организаторите, пак, тврдат дека на митингот присуствувале повеќе од осум илјади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top