| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки пратеник штрајкува со глад заедно со сириските бегалци пред Парламентот

strajk grcija sirijciГрчки пратеник им се приклучи на сириските бегалци, кои започнаа штрајк со глад пред Парламентот во Атина во знак на протест поради одбивањето на Владата да им помогне да заминат во други европски земји.

resizeЈанис Михелојанакис, пратеник на опозициската партија СИРИЗА, изјави дека одлучил да штрајкува откако било соопштено дека двајца демонстранти починале – едниот од инфаркт, а другиот додека се обидувал да ја премине границата со Албанија.

syrian-refugees-on-a-hunger-strike-in-athens-are-starting-to-collapse-080-body-image-1416940692– Должност на еден пратеник е да биде тука, на улица, на страна на слабите, а не внатре во луксузниот Парламент, истакна 51-годишниот опозициски пратеник, додавајќи дека тој протестира и поради буџетот за 2015 година, кој се очекува да биде изгласан утре, како и поради новите мерки за штедење, условени од меѓународните кредитори.

syrian_refugeesВладата во вторникот соопшти дека не може да направи ништо за да им помогне на бегалците, бидејќи ниту еден од нив не поднел барање за азил или престој.

Околу 300 сириски бегалци, меѓу кои има жени и деца, од 19 ноември се наоѓаат пред Парламент со барање да заминат во други европски држави, а некои од нив започнаа штрајк со глад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top