| четврток, 6 декември 2018 |

Челси конечно поразен, Њукасл му го скина скалпот (видео)

Екипата на Челси дури по 15 кола ја почувствува горчината на поразот во англиската Премиер лига.
Денеска избраниците на Жозе Мурињо иако ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар се поразени од традиционално незгодниот противник Њукасл на гостински терен. Ова е третиот пораз во трите последни натпревар против Њукасл на нивни терен.

Chelsea vs Newcastle United

Творец на победата беше Папис Сисе со два гола во вториот дел во 58 и 79 минута. Сисе ја искористи шансата за првиот гол по нафрлената топка од левата страна и од само неколку метри го совлада Тибо Куртоа. На вториот гол му претходеше брз контра-напад, топката среќно дојде до Сисе на кого не му беше тешко да бие во празната мрежа.
По овој гол Челси тргна на се или ништо. Во тоа им помогна и вториот жолт картон на Тејлор кој мораше да ја напушти играта предвреме. По само две минути од црвениот картон Дидие Дрогба со глава биеше за намалување на резултатот и да внесе големи возбудувања во последните 10 минути.
Сепак играчите на Њукасл грчевото се бореа и одолевеа на нападите на сините.
Со овој прв пораз Челси останува на врвот на табелата со 36 бода, шест повеќе од Манчестер Сити кој има натпревар помалку на домашен терен против Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top