Словенската алпска скијачка Тина Мазе е победник на првиот спуст возен оваа сезона во канадскиот ски-центар Лејк Луиз. Таа со време од 1:50,98 минути се искачи на пиедесталот и за 45 стотинки беше побрза од Австијката Ана Фенингер. До третото место доскија Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со заостанување од 51 стотинка зад победничата.
Ова е втора победа за Мазе во овогодинешниот светки куп и со тоа се искачи на првото место во генералниот пласман.
Вечерва продолжуваат скијачките возбудувања во Лејк Луиз. Со почеток од 20.30 минути се вози вториот спуст од календарот во најбрзата дисциплина.
Неприкосновениот Норвежанец Кјетил Јансруд не знае за пораз во брзинските дисциплини. По победите минатата седмица во спуст и супервелеслалом тој синоќа беше убедлив во спустот возен во американскиот скијачки ценар Бивер Крик и го освои првото место со време од 1:40,17 минути.
Беат Фојц од Швајцарија го освои второто место, а трет беше Американецот Стивен Најман. Фојц кој зад победникот задоцни за 54 стотинки го избори својот прв пласман на победничкиот пиедестал по пауза од две години.
Вечерва со почеток од 19 часот ќе се вози нова трка во супервелеслалом во машка конкуренција во која убедлив фаворит е повторно Јансруд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



