Норвежанецот Кјетил Јансруд е победник на спуст трката од Светскиот куп возена во норвешкиот Квитфјел. Со денешната победа Јансруд стана прв скијач оваа сезона, кој триумфирал двапати.
Јансруд до победата стигна со време 1:46,63 минути и за само осум стотинки беше побрз од Италијанецот Петер Фил. На третото место заврши Швајцарецот Беат Фојц со 14 стотинки заостанување зад лидерот.
Последната спуст трка е закажана за 15 март на патеката во Аспен, САД, а на неа со второ место Јансруд ќе успее да го освои малиот кристален глобус. Јансруд е лидер со 437 бодови пред минатогодишниот победник Петер Фил, кој има 374 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.