Во Собранието наскоро на дневен ред ќе се најде новиот предлог-закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Законот носи новини како што се осомничениот, пред започнувањето на првото испитување да се информира и за правото на спогодување за вината со јавниот обвинител.
„Она што јавниот обвинител може да му го понуди на осомничениот за неговото признание на вината за делото за кое се терети е изрекување казна под законски одредениот минимум на казната затвор за тоа кривично дело, односно поблага санкција. При тоа обвинителот мора да се движи во рамките на задолжителните прописи од Кривичниот законик за видот и целта на кривичната санкција, условите за нивното изрекување, казните кои можат да се изречат за
пооделни кривични дела и за границите на ублажувањето на законските пропишани казни. Според тоа, во текот на преговорањето за вина обвинителот не може да понуди изрекување на осомничениот казна која би била под најмалата мерка на казна која за одредено казнено дело може да се изрече со примена на одредбите на Кривичниот законик за поблаги казни, ниту би можел да предложи изрекување на условна осуда за дело за кое таа по кривичниот закон не може да се изрече“, се вели во предлог законот.
Министерството за правда, кое е предалагач на законот констатира дека за да почне да функционира спогодувањето неопходно е во земјата да постои стабилна и воедначена казнена политика.
„Во Република Македонија, во овој момент го немаме ниту едното, ниту другото, така што не може ни да се помисли дека спогодувањето ќе заживее во вакви услови. Доколку се направи анализа на постојната казнена политика (доколку така може да се нарече она што во моментов го имаме) во Република Македонија ќе се констатира дека казнената политика е блага и изречените казни се движат најчесто под минимумот утврден со Кривичниот законик или на границата на минимално определената казна и во најголем процент се изрекуваат алтернативни мерки, меѓу кои е најзастапена условната осуда“, се вели во предлог-законот.
Повеќе на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ најави уште еден Предлог закон од полза на граѓанитесо уште еден Предлог закон од полза на граѓаните
-
Писмо од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата до повеќе лекарски здруженија
-
Разгледан Предлог-законот за вработување на 100 најдобри завршени студенти
-
Избор за педофилите: сакаш кастрација или затвор?


