| четврток, 6 декември 2018 |

Избор за педофилите: сакаш кастрација или затвор?

spric

Со измените на Кривичниот законик ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

– Според статистиката, затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа, предложивме антитестостеронски третман, односно посебен медицински третман за да се спречат сторителите во иднина да ги повторат делата – рече Спасов.

Тој додаде дека интенцијата е во иднина да се зголеми досегашната просечна казна за сторителите на полов напад врз деца која сега изнесува шест години.

Предлогот е за полов напад врз малолетник до 14 години, сторителот да добие од 10 до 20 години затвор. Досегашната казна беше од 8 до 15 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top