Конечно малку радост и на лицата на фудбалерите на Борусија Дортмунд, а вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ се славеше победа против Хофенхајм за избегнување на дното на табелата во Бунделсигата.
Со голот на Гундоган во 17. минута популарните милионери избегнаа комплетен банкрот и побегнаа од последното место во германското првенство.
Борусија е поранешен европски првак, преклани играше повторно во финалето на ЛШ, а е меѓу најдобрите екипи во Бундеслигата, но новата сезона ја почнаа очајно. Со само 4 победи на 14 натпревари Борусија е на 14 позиција со 14 бода во конкуренција на 18 екипи. Хофенхајм по поразот вечерва остана на седмата позиција со 20 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.