Веб порталолт www.mladi.ams.mk наменет за млади денеска беше промовиран во киното „Фросина“ во МКЦ од Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Директорот на АМС Марјан Спасески во своето обраќање рече дека преку порталот младите ќе имаат можност да се информираат за сите активности поврзани за нив.
– Како институција одговорна за креирање младински политики и поддршка на развојот на младите луѓе, во секој од чекорите кои ги преземаме, тежнееме кон инклузивност и соработка со младите. Правиме обид да ги консултираме, вклучиме и информираме. Овој сајт кој го промовираме денеска додава дополнителна вредност на таквата соработка, изјави Спасески
Сајтот ќе содржи информации за значајните културни настани и манифестации, за обуки за формално и неформално образование, можности за пракса и работа за млади, сите информации за образовните институции, библиотеки, студентски попусти, како и опширни информации за проекти и активности на Агенцијата и другите институции. Младите преку порталот ќе можат да комуницираат со АМС, но и да ги достават своите идеи и предлози.
Според Спасески, веб порталот ќе претставува можност за меѓусебно поврзување и соработка на младинските здруженија од Македонија, како и можност за доставување на основните информации за своето работење. Во рамките на сајтот ќе функционира и база на податоци за младинските организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите