| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен претседателот на Олимпијакос заради местење натпревари

Во голема акција на грчката полиција вчера се приведени 16 лица меѓу кои и претседателот на фудбалскиот тим Олимпијакос, Евангелос Маринакис, под сомнение дека се вмешани во местење на фудбалски натпревари.

Покрај местењето натпревари, тие се осомничени и за криминални дејности, измами, корупција, закани за физичко насилство итн. Истрагата е  водена во период од 2011-та до 2013-та година.

Се претпоставува дека меѓу приведените има и функционери и вработени во Фудбалскиот сојуз на Грција, но и неколку фудбалски судии.

Маринакис важи за моќен човек, бизнисмен и бродосопственик, кој го превзеде управувањето со Олимпијакос од 2010-та година.

Клубот од Пиреја освои 16 од последните 18 шампионски титули во првенството на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top