| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто Пи Диди е толку богат

paf-dedi-1

Пи Диди поседува богатство во износ од 700 милиони долари. Како еден рапер заработува толку многу пари?

Пи Диди е на рап сцената од 1993 година, кога заедно со „Notorious BIG“ ја основаат музичка издавачка куќа. Тој е добар бизнисмен и со текот на годините прави успешни бизнис потфати.

Видете кои потфати на Пи Диди го прават толку богат:  

Bad Boy Records 

pd

Пи Диди го напушта универзитетот „Howard University“ без да дипломира, се враќа во родниот Њујорк и ја основа „Bad Boy Records“ во 1993 година. Издавачката куќа соработува со имиња како, Ma $ e, Total, Carl Thomas, Mary J. Blige и Usher.

Sean John Clothing

pd2

Тој сепак, не се задоволува само со музиката. Во 1999 година со своја колекција,влегува во светот на модата. Од ова, годишните приходи денес му се со износ од 500 милиони долари. Рекламите на марката се со ѕвезди како Фарел, Наоми Кемпбел и се разбира, самиот Диди.

Холивуд и телевизија

pd3

Диди се појавува и во некои филмови, како „Monster’s Ball“ и „Get Him To The Greek“. Учествувал дури и во неколку театарски претстави. Тој имаше успешно реално шоу на „MTV“. Имаше и ТВ шоу, слично на она на Доналд Трамп, што се нарекуваше „Сакам да работам за Диди“. Со каков било медиумски формат да се заземе, Диди успева да направи чуда.

Enyce

pd4

Во 2008 година тој ја купи компанијата за спортска облека „Enyce“ за 20 милиони долари. Облеката на марката се продава од големи синџири во САД, како „Dr. Jays“.

Маркетинг агенција Blue Flame

pd5

Меѓу клиентите на Диди во агенцијата за маркетинг и рекламирање, биле имиња како „Guinness“, „Universal Pictures“ , „Fox Searchlight“.

Вотка Ciroc 

pd6

Оваа луксузна вотка се прави од грозје и има многу мек вкус. Во 2007 година „Circoc“ побараа контакт со Диди со предлог тој да биде нивно заштитно лице во замена за процент од продажбата. Резултатот беше брилијантен , продажбата фантастична, а вотката стана многу популарна меѓу раперите и клубовите во САД .

Вода AQUAhydrate

pd7

Откако ви продал вотка вечерта, Диди нашол начин да ви ги земе парите и во текот на денот, со минералната вода „AQUAhydrate“. Компанијата со седиште во Калифорнија, тврди дека водата има 0 калории и ви помага да го постигнете максимумот на својот потенцијал во салата. Пакување од 12 шишиња од 1 литар, чини 25 долари.

Текила Deleon

pd8

Да, Диди продава и текила. На почетокот на оваа година, тој објави дека инвестира 100 милиони долари, со кои купува 50 % од компанијата. Тоа е луксузна текила, популарна меѓу богатите клиенти на ВИП местата.

Revolt TV

pd9

Откако сфатил дека MTV и VH1, се фокусираат главно над риалити ТВ емисии, Диди решава да пушти канал со кој ќе го врати фокусот над музиката, концертите и интервјуа со изведувачи. Телевизијата почнува да работи во октомври 2013 година и до сега е доста успешна. Тука осен музика, гледачот може да види и бекстејџ кадри со омилените ѕвезди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top