| четврток, 6 декември 2018 |

Oграбени и искршени околу 20 возила во Центар

Во текот на ноември, во период од две недели, се ограбени или искршени дваесетина автомобили кои биле паркирани во близина на Министерството за внатрешни работи во Центар, односно во гаражните простории на зградите на улиците „50. Дивизија“ и  „Јордан Мијалков“.

Непознатите крадци влегувале во гаражите, ги кршеле прозорците на автомобилите, по што влегувале во нив и пребарувале.

 

Најчесто од сопствениците на автомобилите биле украдени пари и ситни предмети. Во дел од автомобилите, пак, било само претурано низ предметите. Кражба немало, но штета да, најмалку еден прозорец бил искршен.

Неофицијално, станува збор за две малолетни лица кои кражбите најчесто ги извршувале во вечерните часови. Од МВР велат дека имаат осомничени лица по пријава за оштетени и ограбени повеќе автомобили, а по истата се постапува и се работи на целосно расчистување на случајот, по што против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top