Со крвав нос остана една од натпреварувачките на руската верзија на наградното шоу „Допри го автомобилот“, откако друг натпреварувач, буквално, ја удри од земја.
Девојката облечена само по долна облека, со своите високи потпетици го провоцираше натпреварувачот што седеше до неа, а тој без да размислува ја фрли на земја и силно ја удри по лицето.
На помош дотрчаа продуцентите, а натпреварувачите не се тргнаа од автомобилот. Имено, наградната игра се сосотои од 20 натпреварувачи, кои мораат постојано да се држат до автомобилот. Ако некој ги тргне двете раце или, пак, заспие е дисквалификуван. Последниот го добива возилото како награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)