| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата и „Сорос“ вклучени во студентските протести

Студентите се подготвуваат за нови протести а во нивната организација активно е вклучен СДСМ, како и СОРОС. Тие директно ги иницираат и поттикнуваат протестите на студентите, повикуваат сите да излезат на протести а за нивната кампања ги користат социјалните мрежи. Дописот на т.н. организација „Студентски пленум“, која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членовите на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ. Таков пример е фејсбук фан страницата на СДСМ во Ресен.

cetri

Во акцијата за собирање што повеќе луѓе на протестот закажан за в среда активно се вклучени и високи фунционери на опозицијата, екпсерти блиски до фондацијата СОРОС и други нејзини инструменти.

Професорката Билјана Ванковска напиша:

-ЈАС ВИКАМ ГЛАСНО (затоа и големи букви)! Чекаме Студентски Пленум да определи датум, за да сега обединети и во уште поголем број прошетаме по улиците и застанеме пред МОН – пишува Ванковска.

vankovska

И нејзината колешка од Филозофскиот факултет Мирјана Најчевска, која важи за еден од мегафоните на СОРОС, исто така, најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат на улица.

mars

Не остана покуса ниту Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ, која беше избрана за пратеник во Собранието, но не седна во собраниската клупа, плата редовно земаше.

sofija

Новинарката Ленче Николовска,членка на СДСМ и пратеничка, исто така, ги споделува дописот на „Студентски пленум“ и повикот за марш.

lence

Братот на отворениот поддржувач на опозицијата, колумнистот Ивор Мицковски, Кико Мицковски, кој беше забележан и на првиот протест на студентите го шири повикот да се излезе на марш в среда.

kiko

Активисти на ЛГБТ, како и активисти на социјалдемократската младина, исто така, активно се вклучени во организација на протестот.

lgbt

ivana

Веројатно неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која повторно најавува протести на студентите на 10 декември против најавениот државен испит кој треба да го зголеми квалитетот во високотo образование не постои, е поттикната од високи фунционери на СДММ, кои, пак, се директно координирани од високи фунционери на опозицијата предводена од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top