Битолчанецот Горан Чобановски, според магазинот „Чикаго соушал“, го има еден од десeтте најдобри фризерски салони во Чикаго, пишува „Гласот на Америка“.
Во Чикаго, Чобановски има два фризерски салони со 15 вработени, лоцирани во центарот на градот.
– Инспирацијата доаѓа од секаде. Секој ден кога станувам наутро и излегувам на улица, можам да забележам некој човек кој ми оставил силен впечаток; инспирацијата ми доаѓа од цвеќето на вазата во мојот дом, архитектурата на зградите. Инспирација е насекаде. Треба само да ги отвориме очите – коментира овој млад стилист.
Магазинот „Чикаго соушал“, кој се занимава со животот во Чикаго, го вброи дуќанот „Кобан“ меѓу десетте најдобри фризерски салони во метрополата, за што тој се чувствува почестен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.