Кривична пријава е поднесена против 40 годишниот Љ.Т. од битолско Кравари поради телесна повреда.
Од полицијата информираат дека на 18/19.09.2016 година во периодот од 23 до 01.30 часот пријавениот, во семејната куќа, откако се довел во алкохолизирана состојба, без повод и причина физички ја нападнал поранешната сопруга Н.Т.(37).
– Пријавениот, кој се уште живеел заедно со оштетената, ја удирал истата во пределот на главата, а во еден момент излегол надвор, од возилото го откорнал браникот и со него ја удрил во пределот на левата рака, нанесувајќи и телесна повреда, стои во полицискиот билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.