| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатите лизгалишта во светот

l8(29)

Во зима многу плоштади во светот одделуваат простор за лизгалишта. Тие најчесто функционираат до почетокот на пролетта, до кога можат да бидат одржувани.

Погледнете кои се најпопуларните лизгалишта на отворено во светот:

Лизгалиштето на „Бенк оф Америка“ во Брајант Парк 

l1(47)

Оваа лизгалиште е бесплатно, ако носите сопствени лизгалки. Инаку цената варира од 15 до 19 долари. Ова лизгалиште се простира на 1580 квадратни метри. Опкружена е од празничен базар, на вкупно 125 трговци. Во близина има ресторант на два ката со поглед кон лизгалиштето. Работи до 1 март.

Во „Космополитан“ , Лас Вегас

l2(50)

Тука може да се лизгате на познатата улица „Стрип“. Работи до 4 јануари.

„Квин Мери“, Лос Анџелес

l3(46)

Лизгалиштето се наоѓа во близина на океанот. Тука има и изложба на ледени фигури. Работи до 11 јануари.

Квебек , Канада 

l4(46)

Се наоѓа во срцето на стариот Квебек. Најпријатно е навечер, кога може да се лизгате под светлините на градот. Ако носите свои лизгалки е бесплатно. Тоа привлекува доста голема толпа. Работи до средината на март.

Канери Ворф , Лондон

l5(41)

Ако не сакате да се вртите во круг, тука има ледена патека меѓу дрвјата. „Мекдоналдс“ има привремен ресторан на ова лизгалиште. Работи до 28 февруари.

Во Големата стаклена палата во Париз

l6(37)

Тоа е покриено лизгалиште и работи од декември до 8 март. Работи до 2 часот по полноќ. Ова лизгалиште се простира на 2700 квадратни метри.

„Винер Ајстраум“, Виена

l7(37)

Две лизгалишта се соединуваат во една со патека. Работи од јануари до 8 март.

На Црвениот плоштад во Москва 

l8(29)

Лизгалиштетои има капацитет да прими 450 лица и се наоѓа на познатиот Црвен плоштад. Работи од 30 ноември до 15 март.

Шангај Скејт Парк

l9(28)

Кога трите езера ќе замрзнат започнува голема забава. Се  изнајмуваат не само лизгалки, туку и санки и велосипеди за на мраз. Езерата се опкружени со историски храмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top