
На завршната церемонија на европскиот креативен фестивал „Евробест 2014“, кој се одржа во Хелсинки, Финска, маркетиншката агенција „Публицис Македонија“ освои бронзен медал.
„Публицис Македонија“ се закити со награда за проектот „Алцхајмер њуз едиторс“ работена за Националниот институт за неврологија. На фестивалот агенциите се натпреварувале со најкреативните проекти во вкупно 15 категории, а „Публицис Македонија“ ја освои бронзата во категоријата „Медија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


