| четврток, 6 декември 2018 |

Секој вработен во „Икеа“ ќе добие по 3.000 евра бонус

икеа

Шведскиот гигант за мебел „Икеа“ ќе ми подели на сите вработени со цело работно време по 27.000 круни (нешто помалку од 3.000 евра) во рамки на својата годишна програма за бонус.

Вишокот плата во форма на бонус ќе биде наменет за засилување на пензиите на вработените, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

„Икеа“ вкупно ќе одвои 100 милиони евра за споменатата програма во 2014 година. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите земји каде што оваа шведска компанија има своја дејност, се наведува во соопштението што денеска го објави „Икеа“.

Сумата од 3.000 евра годишен бонус се однесува само на вработените во Шведска, при што сите оние кои работеле повеќе од пет години, ќе добијат ист бонус без оглед на висината на нивната плата или позицијата што ја имаат во компанијата.

Исплатата на средствата ќе се случи кога вработениот ќе замине во пензија.
Бонус-програмата на „Икеа“ е наречена „Благодарам!“ и почна да се реализира лани кога компанијата првпат одвои еднократна сума за вработените во висина од 100 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top