| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид ќе субвенционира летови до лондонскиот Лутон

авионСоветот на општина Охрид ја усвои одлуката за субвенционирање евтини авио летови од аеродромот „Свети Апостол Павле” во Охрид. Средствата се лимитирани на 36 милиони денари и ќе се исплаќаат директно од буџетот на општина Охрид, во четири рати. Во 2015 година – 6 милиони, 2016 и 2017 – 12 милиони и во 2018 година, уште 6 милиони.

На почетокот ќе се субвенционираат само сезонските летови, а веќе од 2016 година ќе се субвенционираат и редовни авио линии кои ќе бидат финансиски подржани од страна на општина Охрид. Авионските летови ќе соо браќаат меѓу Охрид и лондонскиот аеродром Лутон.

– После ова следува изработка на квалитетна тендерска документација и претпоставувам дека овај пат ќе се јават заинтересирани страни односно авио компании кои што ќе ги прифатат условите за финансиска поддршка за воспоставување прво на сезонски, а потоа и редовни летови до и од охридскиот аеродром. Ова претставува стремеж на сите туристички работници, меѓутоа и на граѓаните на Охрид и Република Македонија за воспоставување на врска кон и од охридскиот аеродром – рече пред советниците градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Бакрачески вели дека и Министерството за транспорт и врски ќе се вклучи со субвенционирање на авио летови по теркот како што го правеа до сега за скопскиот аеродром.

– За прв пат оваа година, после нашето лобирање пред државните органи, покрај субвенционирање на летови за скопскиот аеродром ќе бидат субвенционирани и летови кон охридскиот аеродром. Се работи за субвенционирање на летови помеѓу Базел и Охрид што во принцип значи развојна стратегија на туризмот во Охрид. Во 2015 година ќе имаме најмалку две линии кон и од охридскиот аеродром – додава Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top