Фудбалската репрезентација на Белорусија која се наоѓа во иста група со Македонија во еуро-квалификациите, доби нов селектор.
Предводник на Белорусите ќе биде Александар Хацкевич. Тој на селекторската функција доаѓа на местото на Георги Кондратјев кој пред два месеца поднесе оставка. 41-годишниот Хацкевич во досегашната негова кариера работел како тренер во Динамо Минск, Витебск, Динамо Киев – младински тим, а бил селектор и на младинската репрезентација на Белорусија.
Токму Белорусија е следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2016. Натпреварот ќе се игра на 27 март 2015 година во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“