| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено лансирањето на „Орион“

DeltaIV-wetdress-Првиот пробен лет на беспилотната вселенска капсула „Орион“ што требаше да биде извршен денеска, одложен е за 24 часа поради „технички аномалии“, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Лансирањето на ракетата Делта IV со „Орион“ од вселенскиот центар во Кејп Канаверал, на Флорида најнапред е одложено за 12 минути поради бродот кој се нашол во периметар на безбедност, а потоа поради силината на ветрот за уште 40 минути.  И натаму поради ветрот, ракетата не е лансирана ниту во третиот обид, и НАСА одлучи целата операција да ја помести за еден ден.

Предвидено е беспилотната капсула „Орион“ да прелета два круга околу Земјата пред да се врати на нашата планета. „Орион“ има задача да „отвори можност од евентуално превезување луѓе на Марс“, се истакнува во соопштението на НАСА.

Целта на пробниот лет, ќе биде пред се тестирање на издржливоста на термичкиот штит на капсулата и ефикасноста на нејзините падобрани и компјутери. Ако тестовите бидат позитивни, сите тие компоненти ќе бидат искористени и за лет на Црвената планета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top