Во Софија е потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Бугарско-трговската промишлена палата. Бизнис-делегациите од Бугарија и Македонија и официјално ја најавија иницијативата за организирање на бизнис – експо форум во Софија, под покровителство на премиерите од двете држави, соопшти Македонско-
Челниците Зоре Темелковски и Цветан Симеонов ги поддржале планираните инфраструктурни проекти и инвестиции и посочиле дека е потребно да се формираат и царински терминали што би ја ја олесниле брзината на трговската размена на компаниите од двете држави. Констатирано било дека е потребно да се работи на економската соработка со цел трговската размена меѓу двете земји да достигне до една милијарда евра.
Менаџерите и сопствениците од македонските компании Алкалоид, Адинг, Ариљеметал, Заралогистик, Свислион и Апра Портер Новелли имаа непосредни деловни контакти со свои партнери од Бугарија. На дводневниот регионален Бизнис-форум во Софија учествуваа околу 400 компании од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.