| четврток, 6 декември 2018 |

23 годишникот од Велес бил убиен со нож

Veles-5

Дваесет и три годишниот Адиљ С. од село Бузалково, Велешко, кој денеска попладнево беше пронајден мртов во камп приколка близу ветеринарната станица во Велес бил избоден со нож, покажала истрагата на полицијата, дознава Алфа од свои извори од МВР. Иако првичните информаии неофицијални беа дека момчето починало како последица од прострелни рани, истрагата покажала дека причина за смртта се двете убодни рани најверојатно од нож во пределот на градите. Полицијата го бара убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top