| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот за Македонците во Татковинската војна повторно во Хрватска

проекцијаВо Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечерва се прикажува документарниот филм „Придонесот на Македонците во Татковинската војна“ (Doprinos Makedonaca u Domovinskom ratu) од авторката Мирјана Василева, новинар во Македонската телевизија.

Филмот е снимен со поддршка на Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб. На настанот е најавено обраќање на хрватскиот генерал Лука Џанко.

– Низ сведоштва на македонските Хрвати кои се вклучија во Татковинската војна, филмот говори за нивната улога во драматичните настани што се случија во 1990-тите години на подрачјето на Хрватска. Настанот со посебна порака го поздравија министерот за бранители Предраг Матиќ и хрватскиот амбасадор во Република Македонија, Златко Крамариќ, инаку  градоначалник на Осиек во војната, соопшти Македонско-хрватска тангента, граѓанското здружение кое ја организира проекцијата во соработка со Хрватското новинарско друштво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top