Двајца демонстранти и еден полицаец се повредени денеска пред зградата на Ректоратот во Приштина, во судир на приврзаници на Здружението на воени ветерани и инвалиди на ОВК со полицијата, кои бараат смена на ректорот Рамадан Зејнулаху. Демонстрантите се обидуваат насилно да влезат во зградата на Ректоратот, за да го истераат ректорот Зејнулаху. На полицијата и се придружија и припадници на специјалната единица на полицијата на Косово.
Ова е веќе втор протест на Здружението на воени ветерани и инвалиди од ОВК пред зградата на Ректоратот поради незапишување на над 1.000 студенти кои се припадници на семејствата на загинати припадници на ОВК. Демонстрантите бараат оставка на ректорот на Универзитетот бидејќи не ја спровел одлуката на министерот да запише над 1.000 студенти припадници на тие семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


