Заврши активната фаза од антитерористичката операција во чеченската престолнина Грозни против групата екстремисти, кои го нападнаа Домот на печатот, во центарот на градот. Меѓу урнатините на разурнатата зграда и на соседното училиште се најдени телата на осум терористи, како и 24 рачно изработени експлозивни направи, подготвени за употреба, како и гранати и муниција, соошти ТАСС, цитирајќи го рускиот Национален антитерористичкин комитет (НАК).
И натаму трае претресот на пошироката територија на која се водеше борбата со сега веќе неутрализираните терористи. Експерти за пиротехника почнале со деминирање на експлозивните направи. Полицикси форензичари, пак, се обидуваат да ги идентификуваат телата на убиените терористи, се проверува нивното евентуално соучесништво во други терористички злосторства, се изведуваат оперативно-трагачки и истражни дејствија.
Како што соопшти НАК, во специјалната операцијата загинаа 10 и ранети се уште 28 полицајци и соработници на силите за безбедност, кои по цена на својот живота го спречиле терористичкиот акт.
Напаѓачите, во 1 часот по полноќ, пристигнале во Грозни со три автомобили и притоа ја нападнале патролата на сообраќајната полиција. Потоа упаднале во Домот на печатот, каде се наоѓаат редакциите на весниците и интернет-изданијата во оваа руска кавказка република, како и соседното училиште. Полицијата ги блокирала двете згради, а во центарот на градот бил воведен специјален режим на движење за време на изведувањето на за контратерористичката операција. Тоа на безбедносните сили им дало можност да дејствуваат бескомпромисно во ликвидирањето на бандитите, посочува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември


