| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот филм за Џејмс Бонд го доби своето име (видео)

82039-109957

Новиот филм за Џејмс Бонд доби наслов „Спектар“. Ова е објавено од Сем Мендес, режисерот на 24. филм од серијалот за агентот 007, во филмските студија „Пајнуд“ во Лондон, соопштија светските новински агенции.

„Спектар“ е измислена терористичка организација од романите за Бонд. Француската актерка Леа Сиду и италијанската актерка Моника Белучи ќе ги играат главните женски улоги во новиот филм. Британскиот актер Даниел Крег по четврти пат ќе биде во улогата на шпионот на нејзиното височество, додека улогата на неговиот ривал на големиот екран е доверена на австрискиот актер Кристоф Валц.

Се планира „Спектар“ да се појави во кината во Велика Британија, на 23 октомври 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top