Таксист со автомобил „опел“, со скопски регистарски таблички, удрил девојче на булеварот „Теодосиј Гологанов“, пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, пренесува „Вест“.
Несреќата се случила кога „опелот“, кој го управувал Н.Н., од засега непознати причини удрил во девојчето, кое од ударот се здобило со повреди, по што со возило на Брза помош било пренесено за укажување на лекарска помош во Ургентниот центар.
Очевидците велат дека девојчето било на возраст од 17 до 18 години. Според роднина на таксистот, девојчето излегло пред такси-возилото на место каде што немало пешачки премин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Педесетгодишен таксист силувал 15-годишно девојче во Битола
-
Ограбен скопски таксист: Го прашале колку да платат, па му ставиле нож под грло
-
Јунак таксист: Спречил киднапирање на 17-годишно девојче
-
Пејачката прегазена од таксист кој побегнал: Добро е што сум жива, имам повреди, а не можам да го тужам