| четврток, 6 декември 2018 |

Јунак таксист: Спречил киднапирање на 17-годишно девојче

Таксист од Делчево спречил киднапирање на 17-годишна девојка.

Инцидентот се случил на 17 април околу 23.00 часот на ул. „Маршал Тито“ во Делчево. Дваесет и седумгодишниот У.М. од Виница  пресретнал 17-годишно девојче од Делчево, кое било со својата баба, и со употреба на сила го ставил во такси-возило.

Девојката се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајќи ѝ телесна повреда.

Вознемирен од настанот, такси-возачот пратил порака на сопственикот на такси-компанијата, во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.

Денеска, НК за КР Делчево поднесе кривична пријава за виничанецот за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top