| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката прегазена од таксист кој побегнал: Добро е што сум жива, имам повреди, а не можам да го тужам

katarina-grujic-3_cc17_1000x1000

Српската пејачка Катарина Груиќ се опоравува откако во неделата навечер ја удрил таксист. Како што вели Катарина за српски Телеграф, повредите не се наивни, има болни отоци и набиеници, но благодарна е на Бог што е жива.

– Сеуште сум во шок што човек ме удри и побегна… Отоците ќе поминат, животот оди понатаму. Фала му на Господ што останав жива и што немаше поголеми проблеми, изјавила таа.

– Не знаев за кој се работи нути му ги видов таблиците. Два дена поминаа од случката и мислам дека сега нема поента да викам полиција и било што да правам. Сеуште сум во шок дека човекот побегна, а во такси централата ми рекоа дека не можат ништо да направат и дека ќе ми дадат 1.000 динари (500 денари). Поради тоа ќе се потрудам да добијат најлош глас во Белград, одговорила Груиќ.

Несреќниот случај се случил кога Катарина излегувала од своето возило. Само што го напуштила автомобилот, таксистот тргнал во рикверц, ја удрил и побегнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top