| четврток, 6 декември 2018 |

Мразулец падна врз главата на српскиот министер, шлемот му го спаси животот (видео)

antic-ledenica-1417694276-595937Српскиот министер за енергетика, Александар Антиќ, доживеал вистинска трагедија додека го обиколувал теренот во Мајданпек. Во еден момент застанал да им даде изјава на новинарите, и додека зборувал, големо парче мраз завршило во неговата глава. За среќа, минал без повреди бидејќи носел заштитен шлем.

Српските медиуми објавуваат дека министерот Антиќ е во добра состојба по несреќата и дека ако не го носел заштитниот шлем, парчето мраз можело да го убие, а во најмала рака да му нанесе тешки повреди на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top