Јагнула Куновска, кандидатката за градоначалник на скопската општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, најави економски бум во Бардовци. Таа ветува изградба на економска зона во Бардовци, реконструкција на психијатриската болница, реставрација на Хавзи-пашините конаци, промоција на локалитетот Скупи…
– Сметаме дека со проектите за реставрација на Хавзи-пашините конаци и промоција на локалитетот Скупи, Бардовци има изгледи, покрај економски центар, да биде и голема туристичка атракција. Предвидовме и реконструкција на училишни спортски сали и игралишта, инфраструктура за нови населби на Зајчев Рид, со што Бардовци ќе стане уште поатрактивно место за живеење – изјави Куновска.
Во поглед на земјоделието, во програмата се предвидени субвенции за наводнување на зелени површини и на дворовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.