Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е прогласен за најдобар десен бек во светот за 2014 година, пренесува ракометниот портал „Хендболпланет“.
Признанието најкорисен играч за 2014 година го доби соиграчот на Кире во Барселона, Никола Карабатиќ, додека, пак, Тобијас Карлсон од Фленсбург е избран за најдобар дефанзивец.
Левото крило на Барселона, Гудјон Валур Сигурдсон, иако со заслуги од настапите во Кил, се најде на левата крилна позиција во најдобриот тим. Покрај овие ракометари, во најдобрата екипа место најдоа и Микел Хансен и Лук Абало, како лев бек и десно крило, најдобар пивот е Хулен Агинагалде од Кјелце, а најдобар голман Никлас Ландин од Рајн-Некар.
Најдобриот тим го одбра жири-комисија од 23 ракометни експерти плус гласовите од ракометниот портал „Хендболпланет“.
Ракометарите на Вардар, Тимур Дибиров и Арпад Штербик, беа во трка за место во тимот, но според гласовите завршија на 4. односно на 3. место. Во изборот за најдобар десен бек конкурираше и Ренато Вугриенц, но Кире Лазаров ги доби симпатиите.
НАЈДОБАР ТИМ ЗА 2014
лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)
лев бек – Микел Хансен (ПСЖ)
среден бек – Никола Карабатиќ (Барселона)
десен бек – Кире Лазаров (Барселона)
десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)
Дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.