| четврток, 6 декември 2018 |

Асад го исмева Оланд во интервју за „Пари мач“

asadПретседателот на Сирија, Башар ал Асад, во интервју за „Пари мач“ ја обвини француската влада дека работи против интерсите на Франција и притоа му се потсмева на шефот на државата Франсоа Оланд, јави дописникот на МИА од Париз.

Сирискиот претседател во интервјуто, меѓу другото, тврди дека тој „не е ниту личен непријател ниту ривал на Оланд“, по што вели: „Мислам дека  Исламската држава е негов ривал бидејќи имаат слична популарност“.

Башар ал Асад, кој неодамна беше резибран за претседател на Сирија, земја во која веќе е надмината бројката од 200.000 мртви, во интревјуто се занимава со внатрешните проблеми на Оланд, обвинувајќи ја француската влада дека „работи против интерсите на францускиот и сирискиот народ“.

Асад не го поштеди од критики ни претходниот станар на Елисејската палата, Никола Саркози, кој го прими во Париз на прославата на 14 јули, на крајот од мандатот.

Во интервјуто Асад оценува дека нападите на коалицијата врз позициите на ИД, „не му помагале на неговите верни сили“, односно дека тие биле „неефикасни“.

Нагласувајќи дека „борбата против тероризмот“ е поддржана од западните канцеларии, Асад ги нуди услугите на своите сили на теренот, кои добро ја познаваат географијата и чие „дејствување е потребно“.

Запрашан дали стравува да може да заврши како Моамер Гадафи, Башар ал Асад одговара: „Капетанот не мисли ни на животот, ниту на смртта, туку мисли да го спаси својот брод“.

– Ако тој потоне, сите ќе умрат – вели претседателот на Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top