Младиот пејач од Велес, Мики Секуловски, денеска ja промовира неговата нова песна „Научи да сакаш“.
– Искрено, песната ја чувавме во фиока повеќе од осум месеци, така што со продукцијата решивме дека декември е вистински месец за да ја издадеме на музичкиот пазар. Токму оваа песна ми е особено драга и ја чувствувам многу лично затоа што сум коавтор на музиката и на текстот. Сигурен сум дека синглот ќе ѝ се допадне на публиката – изјави Мики Секуловски.

Музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напишаа заеднички со Мики Секуловски, a во продукција на „Скај ај ентертејмент“.
– Оваа песна е една од оние што, всушност, се разликуваат од останатата македонска музичка продукција. Со тоа што во нумерата е искористен примерок од Арета Френклин и нејзината „I Never Loved a Man”, песната добива блуз-нота, но сепак го задржува модерниот ритам и звук – додава Зоран Алексиќ.
Последната поесна на Мики „Друга не допира“ беше промовирана во септември со видеоспот. Секуловски во моментов е ангажиран на неговиот албум и со своите настапи во клубовите низ земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


