Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Седум стравови“ на босанскиот писател Селведин Авдиќ, во превод на Ленче Тосева.
Романот „Седум стравови“ на босанскиот писател и новинар Селведин Авдиќ (1969) беше пријатно изненадување и за кратко време (речиси истовремено) беше објавен во Босна, Хрватска и во Србија и кандидиран, и финалист, за неколку високи книжевни награди на тие простори (за наградите „Јутарњи лист“ во Загреб и „Меша Селимовиќ“ во Тузла), а потоа објавен и во Англија. Прогласен е за најдобра книга во 2010 година на манифестацијата „Зеничка пролет“.
„Седум стравови“ е одлично оценет од книжевната и од новинската критика. Веднаш по објавувањето беше многу фален дури и наречен ремек-дело – „бомба од книга, ретко четиво со извонредно градена атмосфера“, „најдобра раскажувачка проза во Босна во 2010“…
Преводот на македонски јазик на „Седум стравови“ на Селведин Авдиќ е поддржан од литературната мрежа ТРАДУКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ