Галатасарај со многу мака го доби мечот со 4:2, против Ескишехир. Гостите поведеа со голот на Озкан во 5. минута, а само две минути подоцна македонскиот интернационалец Горан Пандев не успеа да реализира од пенал.
Галатасарај во 15. минута успеа да израмни, и тоа преку Инан.
Во 36. минута Горан Панев колку-толку се извади за утнатиот пенал откако изнуди нова најстрога казна. Овој пат одговорноста ја презеде Инан и успеа да реализира.
Во 61. минута гостите израмнија преку Шентурк, но Галатасарај со головите на Брума во 83. и Булут на една минута до крајот на мечот стигна до победа од 4:2. Пандев ги одигра првите 45 минути, а на негово место во игра влезе Брума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.