| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот премиер оди во Брисел да моли за „Јужен тек“: Гасоводот на Софија ќе и носи 400 милиони евра годишно

Бугарските власти, чиј удел за крахот на проектот Јужен тек, не баш мал, објавија дека сметаат на негово „воскреснување“, пишуваат српските медиуми..

Премиерот Бојко Борисов најави дека сериозно ќе поразговара со Брисел и ќе направи сè што може да ја одоброволи Европската комисија да ја измени позицијата за овој гасовод.

– Јужен тек е поволен проект за Бугарија и треба да се зачува. Во Брисел на највисоко ниво ќе ги разгледам проблемите врзани со Јужен тек. Постојат прашања кои ќе ги расправам со претставниците на Европската комисија. Сакам Народното собрание да ми порача да ги придвижам. Сакам мојот дијалог во Брисел да биде максимално конструктивен, нагалси Борисов.

Тој истовремено откри дека договорот за Јужен тек сè уште не го видел и не знае дали е точно дека гасоводот на Софија би ѝ носел 400 милиони евра годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top