| четврток, 6 декември 2018 |

Босанка се породила во автобус на пат од Швајцарија кон БиХ

На патот од Швајцарија кон Босна, веднаш откако влегла во Словенија во автобус на агенцијата „Cantic Tourisтика“ се родило беле, потврдиле од оваа агенција на весникот „Дневни аваз“.

Како што се дознава патничката која патувала за Босански Шамац, добила породилни болки и почнала да се породува уште на автопатот во близина на Постојна. Во тој мига настанал општ хаос и паника меѓу патниците, а на жената почнале да и помагаат во породувањето неколку девојки. Со оглед на тоа дека бебето веќе почнало да излегува набрзина на трудницата и била пресечена облеката, не можеле да чекаат доаѓање на амбулантно возило, а кога автобусот можел да застане на бензинската пумпа породувањето веќе било завршено. Таму амбулантното возило ги прелезе мајката и бебето, а останатите патници го продолжиле патувањето кон Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top