| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсената жена не е сопругата на лидерот на ИД

70871B96-41F1-4AAF-B2A0-686521FD7058_w800_h450

Ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека, жената уапсена од либанските власти, не е сопруга на лидерот на групацијата  „Исламска држава“, Абу Бакр ал Багдади, туку е сестра на маж осуден за бомбашки напади во јужен Ирак, пренесуваат агенциите.

– Уапсената од либанските власти е Саџа Абдул Хамид ад Дулајми, сестра на Омар Абдул Хамид ад Дулајми, кој е уапсен од властите и е осуден на смрт за учество во бомбашки напади, изјави за Ројтерс портпаролот на министерството, генерал Саад Маан .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top