Македонија бележи подобрување од три места во споредба со минатата година, на листата за корупцијата, што ја објавува Транспаренси интернешнл. Не се работи за некој спектакуларен скок, но сепак трендот е позитивен. Земјава е рангирана на 64 место.
Според извештајот, од државите во регионот пред Македонија се Хрватска и Словенија. Македонија годинава се најде на исто место со Турција, која минатата година беше на 53.место. Минатата година Црна гора беше на исто место со нас, а годинава земјата се најде на 69 место заедно со Романија. Интересно е дека Македонија се наоѓа на највисока позиција меѓу земјите од нашето соседство. Србија, 78-та позиција, Бугарија е 69, Грција исто 69. Албанија и Косово се најкорумпирани земји на Балканот рангирани на 11о место.
Во однос на претходните години од 2012 наваму, Македонија бележи континуиран напредок од 5 места, искачувајќи се до позицијата најмалку корумпирана земја во регионот.
Врз основа на резултатите од овој извештај, се покажува дека Македонија активно се бори против корупцијата и поради тоа успеала на напредне за цели 42 места во однос на 2006 година кога СДСМ ја изгуби власта. Македонија тогаш беш рангирана на високото 106 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.